Тешка несреќа на булеварот Борис Трајковски - прегазена жена

Во 11,50 часот во Скопје на крстосницата од улица „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“, 29-годишниот А.Б. од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот В.К.(74) од Скопје.

В.К. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега