Незапаметен настан во Македонија: Го фатиле со дрога, ја голтнал и починал

32-годишниот Д.А. од Злетово си го одзеде животот откако на граничен премин го фатиле со дрога, а тој ја проголтал.

Во 19,15 часот на Граничен премин Делчево на влез во Република Македонија, со патничко моторно возило „Мини купер “ со бугарска национална ознака се пријавил 32-годишниот Д.А. од Злетово, кој го управувал возилото, а како совозач било 18 годишно лице од Пробиштип.

Извршен е преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај Д.А., била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја. Додека траела постапката спроведена од страна на царинските службеници во еден момент Д.А. ја земал кесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал.

Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и Д.А. бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде околу 22,00 часот починал.

Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2018 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега