Промена на времето побрзо отколку што очекувавме - врнежи од снег и пад на температурите

Уште од утрешната вечер од север кон нашата држава ќе продира моќен студен фронт кој ќе услови засилен, локално повремено и силен ветер од северем правец и истиот ќе услови брз и голем пад на температурите (за 10тина степени), информира метеорологот Славчо Попоски.

Исто така овој студен фронт ќе услови врнежи кој локално ќе бидат и поинтензивни и тоа претежно во западната половина од државава, врнежите ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините, меѓутоа поради падот на температурите ноќта кон вторник и во вторник претпладне услови за врнежи од снег ќе има и на пониските места.

Максималните дневни температури утре (понеделник) ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени додека вечерта а особено ноќта кон вторник како и во вторник наутро значително ќе опаднат и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 4 степени.

Снежната покривка на планинските и повисоките места ќе се зголеми а услови за формирање на потенка снежна покривка ќе има и на пониските места особено на север и на запад.

Токму ова ќе услови маглата низ котлините да се расчисти, исто така северниот ветер кој го очекуваме значително ќе го прочисти загадениот воздух.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега