Протестен марш на „Македонија Блокира“ на патот Кичево – Охрид кај село Другово

„Македонија Блокира“ предводена од Јанко Бачев денеска се обиде да го блокира магистралниот пат Скопје – Охрид кај месноста Другово во Кичево.

На маршот учествувааа околу 15 до 20 лица, кои носеа руски знамиња и жолти елеци. Полицијата не дозволи блокирање на патот, туку им овозможи да маршираат по магистралата од Другово до Кичево, но при тоа собраќајот не беше целосно блокиран.

Протесниот марш се одвива со полициско обезбедување, без видливи проблеми.

Блокадата, како што посочуваат од „Македонија Блокира“ во соопштение до медиумите, е рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2018 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега