Тече рокот: Уште два дена за барање за амнестија за „27 април“

Рокот за поднесување барања за амнестија за настаните од 27. април во Собранието за кои се води судски процес, истекува за два дена. 

Законот за амнестија уште на 20-ти месецов беше објавен во Службен Весник и потпишан од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Досега амнестија побараа петмина, меѓу кои пратеникот Крсто Мукоски.   Покрај него, слично барање упатија и Горан Ангелов-Ќосето и Иван Цветановски.

Јане Ченто и Игор Југ се изјаснија дека не сакаат милост, туку правда и на последното рочиште изјавија дека сакаат да не ги судат политички елити.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.12.2018 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега