Денеска е голем празник: Трпезата треба да е посна, а има едно важно правило

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 декември.

Денеска е Св. Спиридон Чудотворец.

Свети Спиридон живеел во четвртиот век на островот Кипар. Родителите му биле прости луѓе и тој од младоста чувал овци. Кога му дошло времето, се оженил, но наскоро останал вдовец, па целиот свој имот почнал да го користи за да им помага на бедните. Подоцна бил избран за епископ во кипарскиот град Тримитунт. Господ го прославил овој чудесен човек со даровите на чудотворство и прозорливост. Откако добро и послужил на Црквата, се упокоил во 350 година. Неговите мошти се пренесени во седмиот век во Цариград, а во времето на турското освојување биле пренесени на грчкиот остров Крф.

Постои предание дека Свети Спиродн, од време на време, се симнува на земјата преоблечен во просјак или сиромашен човек, и бара од луѓето помош, па затоа се верува дека денеска не е убаво да се одбие некој кој бара помош од вас. Задолжително помогнете, бидејќи на тој начин му помагате на Свети Спиридон.

Се верува и дека треба да се запали свеќа во црква, а и трпезата денеска треба да е посна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега