Милошоски: Дали владата ќе покрене иницијатива во за да се поведе истрага кои судии злоупотребиле авторитет на странски амбасадор

Првото прашање Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија го постави до премиерот Зоран Заев кое што се однесуваше на неговото видување за писмото кое што деновиве беше обзнането од медиумите испратено од страна на амбасадорот Џес Бејли до Основниот суд Скопје 1 до Владате преку министерството за правда до Претседателот на Судски Совет и до Претседателот на Скопска Апелација.

-Почитуван господин Заев, сакав да го знам вашето мислење дали ова писмо во кое што се цитира разочарувањето на американскиот амбасадор од злоупотребата на неговата функција или амбасада е и ваше разочарување, а поврзано со можна злоупотреба и местење на одредени судски процеси при изрекувањето на мерки притвор или при определувањето на пресудите, запраша Милошоски.

Милошоски го образложи прашањето дали Заев како премиер чија што влада има претставник во Судскиот совет, а тоа е министерот за правда без право да одлучува но со право да работи во Судскиот совет и да покренува иницијативи, дали владата која што ја предводи ќе покрене иницијатива во Судскиот совет според неговата надлежност за да се поведе истрага кои судии или судови злоупотребиле авторитет на странски амбасадор на пријателска држава за местење на судски процеси или на судски одлуки, или пак пресуди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега