Тешка сообраќајка утринава во Штип, има повредени

Утринава околу 02,00 часот на крстосница од улица "Сремски фронт" и улица "Борис Крајгер" во Штип се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "Ауди" со винички регистарски ознаки.

Од МВР известуваат дека возилото било управувано од Д.Ф.(25) од Виница, во кое сопатници биле М.М.(21) од Штип и П.Т.(26) и М.А.(25) двајцата од Виница и патничко моторно возило "Мазда" со струмички регистарски ознаки,  управувано од В.С.(38) од Штип, во кое како сопатници биле две лица на возраст од 12 години од Штип.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничка болница Штип се пренесени сопатниците од возилото "Мазда" при што кај една од нив се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.01.2019 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега