Го прегазил и избегал - скопјанец со Итна помош однесен на Клиника

 

Скопјанец се здобил со тешки повреди, откако во него удрил автомобил вчера во Скопје. Како што информира МВР, во 02:10 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ патничко моторно возило „Мерцедес“ удрило во 40-годишниот М.Ц. од Скопје, по што го напуштил местото на настанот.

По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега