Автомобил излета од патот: Возачот итно пренесен на скопските клиники

Рано утринава автомобил излета од патот кај патот Гостивар - Маврово, а возачот се здобил со тешки повреди.

Утринава во 01 часот и 20 минути било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост– село Ново Село патничко моторно возило „Нисан“ со српски национални ознаки управувано од 32- годишниот Ф.И од Србија, излетало од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега