Се уште го нема скопјанецот Пино, мајката очајна: „Дење го барам моето дете, ноќе се молам Господ да ми помогне“

Се уште трага по дваесет и шестгодишниот Пинета Секондо-Пино, кој последен пат бил виден во Ѓорче Петров на 10 декември, а исчезнал со неговиот автомобил „шкода“ со таблички SK-1566-AP.

Неговата мајка бара помош и на социјалните мрежи, доколку некој го види или има каква било информација да се обратат до неа или да пријават во полициска станица. 

„Лута сум, лута како лавица. Дење го барам моето дете, ноќе се молам Господ мил да ми помогне. Додека јас преку ден идам по канали, паркинзи, по улици, по полиња околу обиколницата на Скопје, скопската полиција сабота и недела не работи. Не им е гајле за моето дете! Важно синоќе беа во кафана да слават, слават што? Лута сум! И министри и премиер и се, важно дека не им е гајле, ќе ми се јават после Нова година, на Фејсбук напиша мајката на Пино.
 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега