Инцидент во скопски ресторан: Менаџерот на објектот извадил пиштол и се заканувал на момчиња

 

Инцидент се случил вчера во еден угостителски објект на плоштадот Македонија во Скопје. Имено, во 07:30 часот во СВР-Скопје 19-годишниот Ј.К. од Скопје пријавил дека истиот ден во околу 03:00 часот додека се наоѓал во угостителски објект на плоштад Македонија заедно со негови другари во еден момент дошло до недоразбирање со менаџерот на угостителскиот објект околу подмирување на сметката.

Надвор од објектот настанала расправија и во еден момент 50-годишниот Д.А. од Скопје, лице од обезбедувањето, извадил пиштол и им упатувал навреди. По целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега