Македонец возел со рекордни 254 км/час низ Хрватска

На новогодишната ноќ хрватската полиција уапсила македонски државјанин , кој по автопатот во близина на Нова Градишка возел со рекордна забележана брзина од 254 км/час.

Македонскиот државјанин во близина на Нова Градишка бил запрен од полицијата, откако било регистрирано дека вози со рекордни 254 км/час. Тој возел автомобил со германски таблички .

Полицијата го исклучила од сообраќај и му определила парична казна. Исто така на еден месец му забраниле да управува возила од Б категорија.

Полицијата соопштува дека возачот на 31 годишна возраст, македонски државјанин, бил запрен во вторникот во 12.45 часот. Идентитетот на македонецот не се соопштува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега