Прилепчанец со автомобил удри двајца сограѓани

Прилепчанец со автомобил удри во двајца постари сограѓани.

Вчера околу 19 часот и 30 минути на крстосница од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, 54- годишниот З.М од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Tојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата од Прилеп.

Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во општа болница Прилеп.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега