Чистејќи го оџакот паднал од покрив па завршил на Клиника

Гостиварчанец вчера заврши на скопските клиникиоткако паднал од покривот на својата куќа.

Вчера околу 17,30 часот во гостиварската oпшта болница бил донесен 64- годишниот Ќ.А од Гостивар кој, како што е пријавено,  чистејќи го оџакот на својата куќа, се лизнал и паднал од покривот.

Ќ.А. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега