Товарно возило удри во пешак на патот Штип- Велес

Во текот на вчерашниот ден, товарно возило удри во пешак.

Вчера околу 18 часот и 55 минути на магистралниот пат Штип - Велес кај кртосницата Овче Поле, 48- годишниот Г.С од Скопје управувајќи товарно моторно возило "Опел Мовано" со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак, 57- годишната М.Г од Свети Николе.

Во незгодата со тешки телесни  повреди се здобилa М.Г., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, од каде по укажана лекарска помош е пренесена во Комплекс клиники "Мајка Тереза". 

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега