Страшна несреќа во Скопје - излетал од пат и се превртел

Во 20.00 часот синоќа се случила сообраќајна незгода на локалниот пат Кадино – Миладиновци, кај Кадински мост.

Од МВР денеска информираат дека патничко моторно возило„БМВ Х5„ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот С.Н  од Скопје, излетало надвор од коловоз и се превртело.

Со повреди се здобил возачот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2019 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега