Тешка сообраќајна несреќа за Божик во Скопје - има повредени

 

Во 12,30 часот било пријавено дека на локалниот пат село Морани-Орешани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Фиат пунто“ со скопски регистерски таблици, управувано од 26-годишниот Д.К. од од селото Зелениково-скопско, и патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со скопски регистерски таблици, управувано од 48-годишната В.T. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.К. а со телесни повреди се здобила В.Т. и сопатничката од возилото “Фиат пунто“ А.С.(35) од Скопје.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2019 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега