Тешка несреќа на снегот во Скопје: Жена итно однесена на Клиника

Во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот С.П.М. од Скопје и патничко возило „Рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот М.П. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 48-годишната И.П. сопатничка во возилото „Рено“.

Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ - Скопје каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега