Изгоре куќа во Кратово - семејство остана без ништо, уништено се што создавале со години

Пожар избувнал во семејна куќа во Кратово, само испукани и зачадени ѕидови останале од домот на семејството Крстевски од Кратово, пренесува Сител. Пожарот кој избувнал синоќа во вечерните часови за миг го уништи сето она што ова трочлено семејство го создавало со години. За среќа, нема повредени затоа што сопственикот  на куќата бил на работното место во рудникот Добрево, а неговата сопруга и ќерќа биле на лекување во Скопје.

Пожарникарите стигнале за кусо време, но само со лопати и противпожарни апарати, бидејќи обилниот снег не дозволил пожарникарското возило да пристапи до куќата. По пожарот, семејството Крстевски остана на улица и бара било каква помош.
-Се ми изгоре во пожарот, немам ништо. На улица сум. Пред еден месец ќерќа ми имаше операција од рак, ме чинеше 5.500 евра, десет дена подоцна и сопругата имаше операција на колковите која чинеше 1.500 евра. 

Сега немам ништо, ако има некој душа и грев, нека ми помогне – кажа Борко Крстевски за Сител.

Борко ноќта ја мина под отворено небо, затоа што нема роднини во Кратово кои би го вдомиле на неколку дена, а неговата семејна куќа во селото Димонце одамна е падната.

Снегот и денес продолжи да паѓа во Кратово, а наскоро и семејството ќе се врати од лекување во Скопје, а Борко сака своето семејство да го пречека во топол дом, па затоа и бара помош од граѓаните и институциите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2019 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега