Украден автомобил на Рузвелтова- влегол да пазари во маркет а кога се вратил возилото го немало

Вчера во 22.00 часот во Полициската станица Центар, 40- годишниот Д.Г од Скопје пријавил дека истиот ден во времето од 20.30 до 20.35 часот пред маркет на улица „Рузвелтова“ непознат сторител одзел патничко возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б. од Скопје.

Пријавителот го оставил возилото да работи и влегол во маркетот, а непознато лице влегло во незаклученото возило и заминало во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2019 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега