Жена прегазена во Битола итно однесена во болница

Битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако била удрена од автомобил. Вчера во 00:22 часот на улица „Столарска“ во Битола, 36-годишниот И.П. од село Дедебалци, битолско, управувајќи патничко возило „Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, удрил во 58-годишниот пешак С.С. од Битола. С.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега