Крвава тепачка во Охрид - охриѓанец претепал сограѓанин пред ноќен клуб

Кривична пријава за 37-годишен охриѓанец поради загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Се работи за  А.И. од Охрид кој завчера околу 01 часот и 30 минути со тврд метален предмет му нанел повеќе удари по главата на 25-годишниот Д.Ј. од охридското село Лешани. Настанот се случил при нивна случајна средба на паркинг простор во близина на ноќниот клуб „Хавана“ при што настанала вербална расправија, а потоа и туркање во кое двајцата си размениле повеќе удари со раце и нозе.

Тепачката кулминирала кога А.И.  на Д.Ј.  му нанел неколку удари со тврд метален предмет во пределот на главата по што со своето возило марка „ауди“ избегал од местото на настанот.

Пријавениот А.И. како и нападнатиот Д.Ј., се лица познати сторители на повеќе казнени дела.