Австрија во шок по убиството - убиената жена од Македонија со месеци трпела агонија
Несреќната Зерина која беше убиена во Австрија од страна на сопругот Џ.М. со месеци поминувала низ агонија, а како што пишува австрискиот весник „Хојте“, убиството го отвара прашањето дали можело да се направи нешто и да се спречи да дојде до него, пренесе Нова Македонија.
Џ.М. кој имал проблеми со коцкање, бил осуден на шестмесечна условна казна поради насилство, по што сопругата избегала во прифатилиште за жени. Тој морал да оди на курс поради насилството за да се справи со него, но не го правел тоа, а З.К. се обидела да издејствува забрана за пристап на сопругот, а нејзиното барање утре требало да биде разгледано во надлежниот суд во Санкт Пелтен.
Откако ја пречекал вчера пред супермаркет, а таа одбила да разговара и се упатила накај нејзиниот автомобил, тој ја бодел со нож во вратот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа