Тетовчанец баран за обид за убиство конечно не шета слободно по улиците - полицијата го фати

 
 
Во 23.10 часот на Граничен премин „Јажинце“ бил приведен 33-годишниот П.П. од село Сараќино, тетовско, кој се барал со централен распис за сторено кривично дело „обид за убиство“.
 
 
Против него има поднесено и кривична пријава затоа што на 16.10.2018 година во село Сараќино со пиштол пукал во 57-годишен жител на ова село. На граничниот премин тој се пријавил како А.Ш.(33) од село Сараќино, тетовско, но при контрола на полициски службеници бил откриен неговиот вистински идентитет.
 
Подоцна, тој бил предаден на СВР Тетово за понатамошна постапка.  

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2019 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега