Шахпаска: Со новиот Закон го враќаме правото на жената сама да одлучува и обезбедуваме безбеден абортус

 

Владата предводена од СДСМ и коалицијата усвои нов Закон за прекин на бременоста. Правото на жената за прекин на бременоста е неприкосновено. Жената сама, свесно носи одлука за раѓање и број на деца, кажа  денешната прес конференција на Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Прекинот на бременост мора да е е безбеден, во услови и на начин согласно медицина базирана на докази и од стручни лица. Нема веќе административни процедури: комисии, нема веќе пристрасно советување, нема 3 дена чекање, нема веќе носење одлуки во нејзино име. Прекин на бременост ќе се прави и на примано ниво на здравствена заштита во услови и начин предвидени со закон. Прекин на бременост ќе се прави по барање и дадена согласност на жената до 12 седмица, а во одредени случаи и до 22 седмица. Жената ќе знае како се изведува, колку и какви последици носи интервенцијата. Животот на жената е пред се“, кажа Шахпаска и додаде:

„Минатата власт донесе закон кој го отежна пристапот до безбеден абортус, го ограничи правото на избор, ги стигматизираше и осудуваше жените. Со новиот закон се гарантира нејзиното достоинство, приватност, информираност и доверливост. Со овој закон исполнуваме уште едно изборно ветување. Законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура и апелираме до сите пратеници заеднички да го поддржиме во интерес на жените и нивното здравје“, заклучи Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега