Пролетен ден пред нас - невообичаени температури за овој период од годината

Невообичаено топо бран викендов како и на почетокот од следната недела ќе го зафати нашиот дел од Европа, во Македонија температурите очекуваме да се искачат дури до околу 17 °C и тоа претежно на југоистокот, уште потопло ќе биде во соседна Албанија и Грција каде температурите очекуваме да се искачат дури до околу, па и над 20 °C, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поради силното јужно и југозападно струење од Сагара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок што значи атмосферата ќе биде заматена.

Во текот на следните неколку денови температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината, односно истите ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени.

Сето ова ќе услови значително топење на снежната покривка како на ниските, така и на повисоките и планинските места во државава што значи и понатаму ќе продолжи порастот на нивоата на реките и на езерата во државава.

Времето ќе биде умерено до значително облачно а локално ќе има услови и за слаби локани врнежи од дожд, ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега