Предупредување за целиот регион: На Балканот му се закануваат поплави- водостоите во Македонија во постојан пораст

Во повеќето делови во Словенија, поради дождови и топење на снегот дошло до драстично зголемување на водостоите и реките, а зголемена е и опасноста од нивно излевање, предупредува државната агенција за животна средина во Словенија.

Според наведеното, поплави се очекуваат највеќе во западниот и јужниот дел, а во текотна денешниот ден ќе паднат 100 милиметри дожд на квадратен метар, предупредуваат метеоролозите.

Слична е ситуацијата и во Босна каде хидрометеоролошкиот завод издаде предупредување за опасност од излевање на реки.

Во Хрватска после студените денови и снегот, денес температурите се и до 10 степени целзиусови,а се најавува и дожд.Поради дождот на Истра е издадено црвено предупредување, поради можни поплави и невреме.

Поради зголемените температури и во Македонијао ќе услови значително топење на снежната покривка како на ниските, така и на повисоките и планинските места во државава што значи и понатаму ќе продолжи порастот на нивоата на реките и на езерата во државава.

Зголемен е водостојот на  Дојранското Езеро, на Вардар кај Јегуновце, Велес и кај Демир Капија, на Пчиња кај Катлановска бања и на Брегалница кај Штип во однос на просекот за февруари, покажуваат мерењата на Управата за хидрометероролошки работи (УХМР).

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега