Сител ексклузивно од Будимпешта - Прво појавување на поранешниот премиер и азилант Никола Груевски во медиум

Поранешниот премиер  Никола Груевски во ексклузивно интервју на телевизија Сител во вестите во 16 часот, по бегството во Унгарија, одби да одговори дали границата ја преминал на легален или нелегален начин и остава власта да ги открие деталите. Тврди дека нема соработници во власта. 

- Од Македонија заминав многу едноставно, во Албанија, се пријавив во амбасадата во Тирана каде што побарав политички Азил и оттаму дојдов во Унгарија на начин што беше одлучено по одредени нивни консултации заради фактот што долги години бев премиер заради безбедносни причини добро е да бидам во Унгарија. Ќе оставам власта да поработи на тоа дали личната карта ја користев за преминување на границата. Во Унгарија влегов со изваден документ од Унгарската амбасада во Тирана - посочи Груевски.

Тој кажа дека остатокот од неговата рутата ќе остави да го открие власта и рече дека никој од актуелната влада не му помогнал.

-Тоа ќе оставиме да си го најде актуелната Влада. 

Власта не ми помогна. Власта да може нешто друго лошо да ми направи, а не да ми помогне - кажа Груевски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2019 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега