Момче нападнато од повеќе лица во автобус во Скопје
Младо момче било нападнато од повеќе лица во автобус во Скопје. Имено, како што информира полицијата, вчера околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „11-ти Октомври“, во приватен автобус бр.22, 18-годишниот А.М. од село Волково, скопско, физички бил нападнат од повеќе лица. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
03.02.2019 - 15:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа