Со интервјуа на кандидатите продолжува изборот на нови антикорупционери

Околу 60 кандидати се пријавиле на огласот за новиот состав на Антикорупциската комисија. На собраниската Комисија за избори и именувања денеска беа интервјуирани пријавените кандидати, пренесе Канал 5.

На жешкото столче денеска треба да поминат 15 кандидати за избор на 7 членови и претседател на Антикорупцикста комисија . Меѓу нив има поранешни функционери, обвинители и правни експрети. Големон внимание предизвика обвинителот Златко Биковски  кој на на денешното јавно интервју призна дека кога работел како обвинител за организиран криминал му се јавувале пратеници да прашуваат за предмети. На ова реагираше пратеничката Ивана Туфеѓиж тааа го праша  зошто не пријавил дека му вршат пристисоок и зошто тоа го кажува по 10 години

Тој беше прашан и затоа што тој е обвинител во случајот „Пуч“, а за кого пред Советот за јавни обвинители се води дисциплинска постапка. На Биковски беше определена и дисциплинска мерка 6 месеци да добива третина плата помалку затоа што не постапил навремено и соодветно во постапката за 27 април. Тој се правдаше дека не бил  казнет дисциплински за случајот Пуч,  туку дека бил  изземен од случајот.

Поранешниот  член на Дик и функционер во претходните влади  Тања Алтанџиева од присутните новинари  и беше забележано дека била член на политичка За Алтанџиева искоренувањето на корупција е далечна цел, а прво на кое треба да се работи, според неа, е да се врати имиџот на антикорупциската комисија

„Независно што сум била член на полтичка партија и предлог од политичка партија во високи државни институции, можам да гарантирам за високо професинално делување“, рече Алтанџиева на прашањето „Дали сте спремни за решавање на 53 случаи од кои дел се однесуваат на членови на извршната власт?“.

За членови на  Комисијата за спречување на корупција биле пријавени 80 кандидати, од кои, 22 лица не ги исполнувале условите. Најдоцна до 6 фебруари треба да завршат сите интервјуа , наредниот ден да поминат на комисија , за на 8 фебруари кандидатите да бидат ставени на гласање на пленарна седница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.02.2019 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега