Тринесетмесечно бебе почина од морбили на скопските Клиники

 

Тринесетмесечно дете од Свети Николе вчера попладне починало од компликации предизвикани од морбили на Клиниката за детскии болести во Скопје, соопшти Министерството за здравство, пренесе Република.

Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација.

Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.02.2019 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега