Апсење на граничниот премин „Богородица“
Вчера во 10.45 часот на граничниот премин „Богородица“, при проверки, било констатирано дека француската дозвола за привремен престој на лицето В.С.(30) од Косово е фалсификувана.
В.С. бил задржан и лишен од слобода, по што бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.
18.02.2019 - 10:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа