ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е одозгора до доле иста како и нивниот претседател!

Точно е, Панче Орцев и Динчо Иванов, сопругот на пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова, станаа познати и популарни, ама по сомнителни тендери за испумпување на пари на граѓаните. И не само тие, туку половина раководство на СДСМ во Струмица.

          Впрочем, тие се горди на ваквата популарност, затоа што и претседателот на СДСМ Зоран Заев се гордее со овој скандал.

          СДСМ нека се гордеат и понатака. Не само Струмица, туку и цела Македонија разбра за семејно политичкиот системот за богатење на Зоран Заев, неговата фамилија и неговите политички пријатели.

          Ова говори дека немаат етички и морални вредности.

 

          Очигледно СДСМ е одозгора до доле иста како и нивниот претседател.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

30.09.2013 - 15:25

најчитано сега