Тешко повреден мотоциклист донесен на Клиника

 

Тешко повреден мотоциклист бил донесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР. Вчера во 17:25 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај село Т.Дол, кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Кавасаки“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 42-годишниот Ќ.А. од село Колибари, кичевско и патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот С.С. од село Лешница, кичевско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2019 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега