Река: Само владеењето на правото ќе го искорени управувањето на олигарсите

Кандидатот за претседател Блерим Река денеска ја продолжи неговата кампања во Велес, при што имаше средби со жителите на селата Горно и Долно Јаболчиште.

На средбите станало збор за корупцијата, непотизмот и организираниот криминал, како главна причина за губење на довербата на граѓаните и главна причина за масовно иселување од државата.

-Само владеењето на правото во една вистинска Република ќе го искорени управувањето на олигарсите и ќе го врати владеењето засновано на отчетност. Судбината на овој народ не може да остане заложник на поединецот, или било коj да е тој, истaкна Река. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.04.2019 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега