Пендаровски од Арачиново: Јас нудам заедништво, напредок, интеграција и членство во НАТО и ЕУ
Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател поддржан од граѓаните и од 30 политички партии од сите етнички задници, на трибина со жителите на Арачиново, рече дека граѓаните од ова населено место знаат да изберат, да го поддржат напредокот и концептот за заедништво.
„Јас нудам заедништво, напредок, интеграција и членство во НАТО и ЕУ. Со приклучувањето кон ЕУ, НАТО, се отвораат нови перспективи за подобар живот за сите. До сега видовте што нудам јас а што нудат другите. Јас мислам дека не нудат ништо освен враќање назад. Разликата е како небо и земја, како црно и бело. Заедно напред е слоганот на мојата кампања. Во тие два збора е содржрано и она во што верувам, дека заедно можеме и треба да одиме напред, дека напредокот започна и враќање назад нема. “, рече Пендаровски.
Пендаровски побара сите граѓани заедно, сплотени да продолжат по патот по кој тргна Северна Македонија. На 21-ви април да го избереме коцнетот за напредок, да го избереме број 3, да не дозволиме никој да не враќа назад, да продолжиме напред, заедно напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа