Силјановска: Пендаровски во 2016 велеше дека е потребен задолжителен референдум! Кога бевте вистинскиот тогаш или сега?

Професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателската дебата на МРТ 1, жестоко го критикуваше својот против кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски поради неговите променливи ставови, пред се во однос на името на Македонија.

Таа ја потсети македонската јавност дека Пендаровски ветуваше задолжителен референдум како и политички консензус за едно од најважните државни и национални прашања, спорот за името.

Силјановска го потсети Пендаровски и на неговата изјава „кој ве овласти да разговарате за географска одредница“.

-Јас имам сериозен проблем со претседател кој менува ставови. На минатите избори во 2016-та година, јасно ги изложивте тезите за потребата од задолжителен референдум, за консензус државен за името. Кога бевте вистинскиот тогаш или сега, прашува Силјановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега