Силјановска: Јас не сум кралица, ниту царица за да поништувам некој договор

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на МРТ му реплицираше на Пендаровски дека таа нема да го поништи Договорот од Преспа.

-Јас не сум кралица, ниту царица за да поништувам некој договор. Јас само се повикувам на почитување на меѓународното право. Договорот е реалност и јас ќе го почитувам се до моментот, кој можеби нема да дојде, до некоја негова измена, рече Силјановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега