Силјановска до Пендаровски: Тврдите дека сте непартиски човек, а бевте носител на листа на СДСМ

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со незгодно прашање на самиот крај на претседателската дебата на МРТ до кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Имено таа го оспори тврдењето на Пендаровски дека е непартиски човек, поради фактот што лично тој беше носител на пратеничката листа на СДСМ во изборната единица 1 за време на предвремените парламентарни избори.

-Ги учам студентите дека најпрестижна школа на демократијата е Собранието. Нема поголема чест некој да биде избран за пратеник. Вие бевте избрани и бевте носител на листата во изборната единица каде што живеам и јас, а честопати тврдите дека сте непартиски човек. За да бидете носител на листа, сигурно треба да делите партиски интереси. И кога јас очекувам да им ја вратите, да им ја докажете довербата на граѓаните затоа што ве одбрале во парламентот вие пред изгласувањето на преспанскиот договор, пред законот за употреба на јазиците си заминувате од оваа функција, посочи Силјановска.

Професорката за крај посочи дека за разлика од него партијата која ја поддржи нејзината кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ не побарала од неа да ја прифати партиската програма, додека во конкурсот на СДСМ токму тоа било задолжително.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега