Пендаровски до Река: Нашите пристапи се слични, само што ти повеќе го нагласуваш етничкиот концепт

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашната дебата на МРТ доби прашање од противкандидатот Блерим Река дали неговиот концепт „едно општество за сите“ може да биде имплементиран од Река како претседател.

-Мислам дека концептот општество за сите е можен и со Река за претседател. И се согласувам и не треба да бегаме од твојот концепт држава за сите. Колку што гледам нашите пристапи се слични. Има само една мала разлика која вака како пријател сакам да ти ја посочам. Во твојата кампања милам дека повеќе го нагласуваш етничкиот концепт. Јас тоа се обидувам да го избегнам. Не сметам дека тоа е нешто лошо и не налегувам дали тоа го бараат партиите кои те поддржуваат, но мислам дека може погрешно да се сфати, му одговори Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега