Силјановска: Од здравствени причини не присуствував на митингот во Крушево, ќе дојдам во вториот круг

Професорката Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук им се обрати на жителите на Крушево, кои вечерва не ги почести со совето присуство на митингот во рамките на кампањата за претседателските избори.

Силјановска се извини за отсуството и вети дека ќе се дружи со крушевчани во вториот круг на изборите.

-Почитувани, од здравствени причини не бев во можност да бидам присутна на митингот во Илинденско Крушево. Ќе дојдам во вториот круг, ви ветувам.

Во градот херој, ги поздравив бранителите од 2001 година. Со жално срце констатирав дека седум години по Смилковското Езеро, правен епилог нема. Седум години по настанот кој со право може да се нарече терористички, се уште сме без право и правда. Да потсетам што велеше премиерот, има снимки, никој нема да остане неказнет. Но, правото и правдата не стигаат за родителите на убиените момчиња. Како тие да веруваат во правната држава? Затоа ние повикуваме на право и правна држава. Ние ќе сториме се да нема селективна правда, да има владеење на правото, не владеење на група олигарси. Ние нема да се мешаме во судската власт. Ние ќе го оставиме судот да суди. Додека премиерот е претседател на Советот за судски реформи право и правда нема да има.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2019 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега