Мисајловски: Време е да ставиме крај на понижувањата- вечерва да се сплотиме и обединиме за Република Македонија

Македонија не може и нема да оди напред се додека Заеви и картелот околу нив енормно се богатат, а народот станува се посиромашен и заминува од нашата земја. Македонија не може и нема да оди напред се додека Заеви ги шират бизнисите, се делат партиски тендери, криминални иновации, а странските инвеститори даваат една голема нула за бизнис климата, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заедно не може да одиме напред се додека власта ги вработува роднините, а за најквалитетните нема место за било какво работно место, заедно не може да одиме напред зашто нема реформи во здравството, во економијата, во градежништвото, во образованието, во културата, во екологијата или било кој ресор. Заедно не може да одиме напред зашто оваа власт го постави сидрото и не закотви на дното во било кој поглед. Македонија нема да оди напред се додека царува корупцијата и наместо на рангирањата на Транспаренси да бидеме во друштво на земји членки на ЕУ, се наоѓаме на дното во мртва трка со држави од Африка, рече Мисајловски и додаде:

„Нормално е дека за ова нема да слушнете ништо на митинзите ниту од Заев, ниту од неговата опачина Стево Пендаровски. Нема да слушнете ниту за најслабиот економски раст во регионот, ниту за задолжувањето, ниту за маките на земјоделците кои го фрлаат својот плод. Тие на митинзите се фалат со тоа со што секој еден пристоен и чесен Македонец би се срамел. Се фалат со распродажбата на националните интереси, прифаќањето на грчките црвени линии, промената на името и идентитетот“.

Време е, потенцираше Мисајловски, да ставиме крај на понижувањата.

-Време е да се вратат честа и достоинството во Македонија. Време е да се испрати порака дека за криминалот и распродажбата на националните интереси ќе се одговара. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија да ни се придружат вечерва од 19 часот на голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ токму пред Владата на Република Македонија. Сега е време сите да се сплотиме и обединиме за една цел, а тоа е Република Македонија. Правда за Македонија има и ќе има, бидејќи татковината повикува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2019 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега