Река: Да не ме гласаат само затоа што сум Албанец

Ако јас не им дадам добра понуда, ако мислат дека не сум доволно способен со моето знаење, со моето искуство да ја водам државата напред, нека не ме гласаат, нека не ме гласаат само затоа што сум Албанец, мене не ми е потреба позитивна дискриминација, вели претседателскиот кандидат Блерим Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој зборува и за својата идеја за Балкански Бенелукс, избирачкиот список и меѓуетничките односи.

 

 Нова историја за републиката, каде владее правото наместо поединецот е дел од вашето предизборно ветување. На прашањето што може да направи за да го исполни ова  ветување, Река вели Дека еден од главните столбови на целата, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега Северна Македонија од држава да стане република.

- Еден од моите главни столбови на целата, јас би рекол, политичка филозофија, а потоа и предизборна кампања и сега во самата кампања е како Република Македонија, сега Северна Македонија од држава да стане република. Јас мислам дека Македонија е држава, но се уште не е република. Републиката ја прават владеење на законот, а не на поединецот, а најмалку култ на личноста. Ние имавме скоро 11 години заробена држава, но се плашам дека во последните две години ние одиме кон приватна држава. Ако не превенираме поголеми проблеми во нефункционирањето на законот, јас се плашам дека не само што нема да има правна држава, туку може да завршиме и во празна држава. Целата моја филозофија се базира на пет столбови и тоа:

Република Македонија како мултиетничка република, како евроатлантска република, како 30 земја членка на НАТО, како земја која ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ, како земја која има нула проблеми со соседите и како земја која нема да заврши како празна држава.

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2019 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега