Автомобил удри во жена во скопско Стајковци
Жена се здобила со тешки телесни повреди откако автомобил удрил во неа, информира МВР. Вчера во 16:30 часот во село Стајковци, скопско, патничко возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот П.С. од Скопје, удрило во 71-годишната Б.Р. од село Стајковци. Б.Р. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
25.04.2019 - 10:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа