Страшна несреќа кај Маврови Анови: Се забил во метална ограда
Сообраќајна несреќа синоќа околу 21 часот и 10 минути се случила и на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, пред Ростушки мост, патничко возило „Форд Фокус“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Г.Ш. од село Врбјане, гостиварско, удрило во метална заштитна ограда.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, а потоа и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Со телесни повреди се здобиле сопатниците Б.Ш. и Ф.С.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа