Каменуван автобус кој превезувал навивачи на кошаркарскиот клуб „Работнички“- двајца малолетници повредени
Синоќа околу 21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АВНОЈ“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“, лицe фрлилo камен кон автобус што ги превезувал навивачите на кошаркарскиот клуб „Работнички“, при што скршил прозорско стакло.
Притоа, двајца 17- годишници, Х.Н и М.Б , двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
07.05.2019 - 15:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа