Возач на автобус починал на Стража - Нагло му се слошило

 

Возач на автобус починал од неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Според СВР Тетово синоќа на превојот„Стража“ починал 37-годишниот Г.Д  од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици.

Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража“, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2019 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега