Антокорупциска: АВМУ не го прекршила Изборниот законик со привремените вработувања
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) оцени дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) не го прекршила Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со временото ангажирање на две лица – правници во текот на изборниот процес за претседателските избори 2019 година.
-ДКСК, по добиените податоци и информации од Агенцијата одлучи дека „реализираните вработувања на двете лица – правници на определено време преку Агенција за привремени вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на претседателските избори 2019 се заради извршување на законските обврски на Агенцијата во текот на изборниот процес и истите не претставуваат прекршувања на забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судирот на интереси бидејќи се работи за случај на итни и неодложни работи, за кои претходно се одобрени финансиски средства со Одлука на Влада на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од АВМУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа