Џафери: Не смее да има пауза меѓу мандатите на Иванов и Пендаровски

Во недела официјално истекува мандатот на Ѓорѓе Иванов како претседател, а по инаугурацијата, таа титула ќе ја преземе Стево пендаровски кој победи на вториот круг од изборите.

Од Собранието Пендаровски ќе се упати во вилата „Водно“, каде што на кратка церемонија, стариот претседател ќе му ја предаде функцијата на новиот претседател.

Собранискиот спикер Талат Џафери за Вечер вели дека седница мора да има и не смее да се случи пауза помеѓу претседателите.

- Седница мора да има, в недела е последен ден од мандатот на Иванов и не смее да се случи пауза. Седница ќе закажам в недела, макар уверението стигнало в сабота или в недела претпладне, изјави Џафери.

Инаку, Стево Пендаровски е новиот претседател на Република Македонија со 436.212 гласови или 51,66%.

Гордана Силјановска Давкова, неговата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ освои 377.713 гласови или 44,73%.

Од вкупниот број ливчиња неважечки се 30.442 или во проценти 3,61%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.05.2019 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега